ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Варди за голот со пета: На ударот му дадов шмек а ла Кројф

Лестер синоќа го прегази Манчестер Сити на гости, а јунак беше голгетерот Џејми Варди кој прослави хет-трик.

Ретко на кој му успеало да ги преслуша „Граѓаните“ со 5 гола во нивната мрежа и на нивниот стадион во ерата на Пеп Гуардиола. Токму тоа го направи Лестер на Брендон Роџерс.

Предводени од Џејми Варди кој постигна хет-трик од кои два гола од пенал и еден со пета, Лестер ја оствари третата победа и по три кола има перфектен скор. Варди беше непогрешлив од белта точка и двапати го надмудри Едерсон.

„Според мене, секогаш кога изведуваш пенал во прашање е надмудрување. Јас знам каде ќе шутирам, а на голманот е да погоди. Веројатно и тој знае каде ќе се фрла, па на крајот во прашање е надмудрување. Ако шутнеш доволно добро, тогаш нема шанси голманот да одбрани“, вели Варди прашан за пеналите.

Хет-трикот на Варди беше со два гола од пенал, но затоа другиот гол му беше вистинска мајсторија. Пасот на Тмоти Кастањ со пета го претвори во гол кој долго ќе се врти по најавните шпици.

„Нормално дека сум пресреќен поради тој гол. Успеав на ударот малку да му дадам шмек а ла Кројф. Мислам дека голманот претпостави дека ќе ја пропуштам топката низ нозе, па излезе како да сака да ја фати зад мене“, објаснува тој како му успеа гол со пета.

„На седмо небо сум, но сепак се работеше за тимски настап и одлично одигравме. Имаме супер старт на сезоната и се надевам дека така и ќе продолжиме“.

Сличен гол со пета Варди постигна и во своето деби за Англија кога на пријателски натпревар на гости против Германија во 2016 го совлада не било кој туку Мануел Нојер.

(голот е на 4:30):

Remote video URL
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе