Вечна дилема: Колку црвено месо е безбедно да се јаде на неделно ниво?

Научници од „Харвард“ дојдоа до заклучок колку треба да биде вашата порција црвено месо на неделно ниво доколку не сакате да ризикувате зголемен ризик од развој на дијабетес.

Неколку колбаси и парчиња сланина се основните состојки на комплетниот англиски појадок. Но, научниците ги предупредија сите љубители на црвеното месо за најновиот заклучок - само две порции црвено месо неделно може да го зголемат ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Истражувачите од Универзитетот „Харвард“, кои ги испитувале навиките во исхраната и стапката на дијабетес кај 200.000 луѓе, ги советуваат сите да се придржуваат до само една порција црвено месо неделно за да го „оптимизираат здравјето“, пишува Daily Mail.

Типична порција од 70 грама се две дебели кришки сланина или еден и пол колбаси - што значи дека споменатиот англиски појадок на почетокот има околу 130 грама црвено месо. Порција од 70 грама исто така одговара, на пример, пет парчиња шунка или пет лажици варено мелено месо или половина јагнешки стек.

Сепак, експертите кои стојат зад новото здравствено предупредување оценуваат дека една порција преработено црвено месо е 28-45 грама, додека порција необработено црвено месо е 85 грама.

Црвеното месо е контроверзно со децении поради мноштвото докази кои сугерираат дека прекумерното консумирање може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, рак и рана смрт. Иако е добар извор на протеини, витамини и минерали - вклучувајќи железо, цинк и витамини од групата Б - може да биде богато со сол и заситени масти.

Преработеното месо, исто така, може да биде преполно со контроверзни конзерванси и хемикалии додадени за одржување на свежината, подобрување на вкусот и изгледот.

Не се пронајдени конкретни причини зошто црвеното месо може да доведе до зголемен ризик од дијабетес.

Што е порција од 70 грама црвено месо?

  • 2 дебели парчиња сланина
  • 1 и пол колбас
  • 5 парчиња шунка
  • ½ хамбургер
  • ⅓ од типичен стек
  • 5 лажици подготвено мелено месо

Исто така, внесувањето на црвено и преработено месо е поврзано со зголемување на телесната тежина. Прекумерната тежина или дебелината се меѓу најголемите фактори на ризик за развој на оваа болест.

Научниците додадоа дека замената на црвеното месо со здрави извори на растителни протеини ќе помогне да се намалат емисиите на стакленички гасови и да се бориме против климатските промени, како и да се обезбедат други еколошки придобивки.

Бројот на возрасни кои живеат со дијабетес се очекува да се удвои до 2050 година поради зголеменото ниво на дебелина, покажуваат истражувањата.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе