СЕРИЈА А 2020/21

Видал не крие: Целта ни е Скудетото

Чилеанецот не сака да ги крие амбициите. Иако клубот јавно не потенцираше, Артуро Видал признава дела целта на Интер сезонава е Скудетото.

„Не ми е страв да го кажам зборот Скудето. Тоа е нашата цел. Многу пати сум станал шампион, како во Германија, така и во Шпанија. Мораме да работиме секојдневно, да мислиме натпревар по натпревар, а потоа ќе видиме дали ќе бидеме во ситуација да мислиме на Скуетото“, зборува Видал за Sky Sport.

Тој сезонава настапи на 12 натпревари во Серија А, а во Интер дојде токму во летниот преоден рок од редовите на Барселона и тоа по барање на Антонио Конте.

„Се работи за нов проект со млади фудбалери кои се гладни да освојат нешто. Најтешкиот момент за нас и за мене беше елиминацијата од Европа, бидејќи освојувањето на Лигата на шампионите е сон. Сепак, имаме уште два трофеја во игра и мора да извадиме максимум“, вели 33-годишниот Чилеанец.

Видал има освоено еден куп шампионски титули. Во секој клуб каде грал ја освојувал домашната лига почнувајќи од родниот Чиле каде со Коло-Коло трипати беше шампион, потоа 4 пати го освојуваше Скудетото со Јувентус, па 3 пати Бундеслигата со Баерн, а еднаш Ла Лига со Барса. Не сака да ја прекине низата и во дресот на Интер да не стане шампион.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе