Моменталната ситуација предизвикана од пандемијата со коронавирусот ни покажа колку е важна дигиталната комуникација во сите делови од нашиот живот. Петер Ханке, член на одборот за дигитализација ја постави целта – Виена да биде првиот град во Европа кој ќе биде целосно покриен со 5G мрежа.
Програмата за финансирање е вредна 20 милиони евра.
За Виена, како најдобар град за живеење во Европа, е неопходна добра понуда за технологијата. Мобилната комуникација е едно од основните обележја кои го олеснуваат животот.
„5G е најновата генерација на мобилна мрежа и мобилниот интернет станува сè позначаен во секојдневниот живот. Тоа го забележуваме и сега додека трае оваа криза. Затоа го поддржуваме брзото ширење на 5G мрежата во Виена во вредност од 20 милиони евра“, рече Ханке.
„Дигитализицијата во денешно време е важна како никогаш досега и може да ни помогне побргу да ја надминеме оваа криза“, нагласува Маркус Граусам, директор на А1(Тelekom Austria Group).
Програмата за финансирање ги вклучува и антените кои ќе започнат со работа помеѓу 1 јули 2020 и 30 јуни 2022 година.