Компанијата за вселенски туристички летови Virgin Galactic соопшти дека ќе започне со продажба на карти за вселенски летови по цена од 450.000 долари, неколку недели откако Бренсон одлета во вселената.
Оваа компанија продаде околу 600 карти во периодот меѓу 2004 и 2014 година, а тогашната цена изнесуваше меѓу 200.000 и 250.000 долари.
Oд Virgin Galactic на заинтересираните им нудат три можности – да купат само едно седиште, пакет со повеќе седишта за пријатели или парови, како и можност за закуп на сите слободни места во леталото.
Следниот лет во вселената е закажан за крајот на септември. Станува збор за истражувачки лет заедно со италијанското воено воздухопловство, а полетувањето е од Ново Мексико.
За потсетување, пред неколку недели ракетата на Virgin Galactic, со екипаж од шест луѓе, успешно слета откако самостојно се вивна во вселената.