Вирус во Word документ може да ви го зарази компјутерот и без да го отворите

Малициозниот софтвер се испорачува на сè понеочекувани начини, поради што се менуваат и препораките за заштита на корисниците.

Најнов малвер функционира и без да бара од корисниците да го отворат доокументот во Microsoft Word.

Минатата недела, истражувачот за сајбер-безбедност Џошуа Дрејк објави докази за ранливост во Microsoft Word, детализирајќи како хакерите испорачуваат малициозен софтвер и без корисниците да го отворат фајлот.

Овој малициозен софтвер се следи под ознаката CVE-2023-21716. Доби оценка за сериозност од 9,8 и се смета за критичен бидејќи овозможува далечинско извршување на кодот. BleepingComputer објави дека Microsoft го поправил ова со кумулативно ажурирање за време на февруарскиот Patch Tuesday.

Според извештајот на Дрејк, RTF парсерот на Microsoft Word има грешка што може да се активира „при работа со табела со фонтови што содржи премногу фонтови“. Покрај тоа, ранливоста е релативно лесно да се напише, бидејќи целиот код може да се вклопи во еден твит.

Од друга страна, Microsoft ги уверуваше корисниците дека „оваа грешка е помала веројатноста да биде широко експлоатирана“, додавајќи дека нема докази дека тоа се случило досега. За волја на вистината, не можеме со сигурност да кажеме дали PoC на Дрејк може да биде „вооружен“ или не, со оглед на тоа што експлоатацијата досега беше покажана само во теорија.

За оние кои не се заинтересирани да преземаат какви било ризици, најдобриот начин да останат заштитени е да го применат кумулативното ажурирање на Microsoft Patch Tuesday, објавено во февруари. Оние кои не можат да ја го применат овој patch од која било причина, треба да читаат е-пошта во формат на обичен текст или да го овозможат правилото за блокирање фајлови на Microsoft Office, кое им забранува на апликациите на системот на Office да отвораат RTF документи што доаѓаат од недоверливи извори.

Последново, сепак, бара малку повеќе вештина бидејќи е неопходно дополнително да се поработи на Windows Registry.

Со напомена дека „ако неправилно го користите Уредувачот на регистарот, може да создадете сериозни проблеми поради кои можеби ќе треба повторно да го инсталирате оперативниот систем“, предупредува Microsoft.

Исто така, ако не ја нагодите „листата со исклучоци“, можеби веќе нема да можете да отворате никакви RTF документи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе