Vision EQXX на Mercedes помина повеќе од 1.000 km со едно полнење на батеријата

Најавен како најефикасен автомобил на Mercedes-Benz досега, концептот Vision EQXX повеќе не е изложбено возило.

Експерименталниот електричен автомобил е дизајниран за да ја процени идната технологија со иновативна батерија со водено ладење од 100 kWh, одлична аеродинамика и напредна технологија која ја подобрува нејзината ефикасност. Теоретски, овој автомобил може да помине 1.000 километри со рекордно ниска просечна потрошувачка од 8,7 kWh на 100 километри. Претходните проценки укажуваа на потрошувачка од 10 kWh на 100 километри.

Но, теориите остануваат само на хартија, па Mercedes реши да го тестира концептот во мисијата Mission EQQX. Концептот успешно го заврши бидејќи помина повеќе од 1.000 километри на јавни патишта со едно полнење на батеријата. Тоа е рутата помеѓу Electris Software Hub на Mercedes во Зинделфинген, Германија, до крајбрежниот град Касис во Франција. Патот се состоеше од значителни промени во конфигурацијата на почвата, возење по патишта со две ленти, како и возење по автопат. Тој пат беше отворен за јавен сообраќај, па Vision EQXX беше изложен на градежни зони, гужви и насобрани маси кои сакаа да го видат концептот одблизу и да го фотографираат.

ESH е еден од најновите достигнувања на Mercedes кое служи за истражување, развој и проценка на инфозабавните системи, електричниот погон, напредните системи за помош на возачот и услугите базирани на cloud. Фабриката вработува неколку стотици луѓе кои исто така работат со други оддели за развој на Mercedes од целиот свет. Исто така, ESH располага со технологија за различни симулации и динамичко тестирање.

За време на патувањето температурата варирала од 3 до 18 степени, а просечната брзина на концептот била 87 km/h.

Кога стигнал на својата дестинација по повеќе од 1.000 километри, батеријата му била со капацитет од 15%, што е доволно да помине уште околу 140 километри.

Мора да се има предвид и дека Vision EQXX не наишол на снег или многу ниски температури на патот, а тоа се услови кои значително ја трошат батеријата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе