ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЕГИПЕТ 2021

Висок пораз на стартот од Шведска

Македонските ракометари со пораз го почнаа својот седми настап на светските првенства откако со 20:32 загубија од репрезентацијата на Шведска.

Првиот гол за Македонија на Светското првенство беше дело на Мартин Поповски кој, воедно, го постигна и првиот гол на натпреварот.

Во првиот дел се играше гол за гол, но потоа при 9:9 Швеѓаните се одлепија и поведоа и со +5 (9:14) искористувајчи ја играчката предност по исклучувањето на Жарко Пешевски.. Таа предност ја одржуваа до паузата на која се замина со 16:11 за Шведска. Лошо почна нашиот капитен Кирил Лазаров кој ги промаши првите три удари, но потоа реализираше 4.

URL

Нерешлива енигма за нашите ракометари беше левото крило Хампус Ване кој реализираше дури 6 пати во првиот дел, а конечно промаши од пенал кога дебитантот Мартин Томовски итро го одбрани неговиот удар.

Вториот дел Швеѓаните веднаш го почнаа со гол, а Микаел Ајефорс му одбрани пенал на Лазаров, па Шведска поведе и со +8. Победникот веќе беше решен, па до крајот повеќе се играше колку да се доигра натпреварот отколку што имаше некој резултатски императив.

За одбележување е настапот на младиот голман Томовски кој беше пријатно изненадување со 6 одбрани. Најефикасен на натпреварот беше Ване со 11 голови, додека во нашиот табор со 5 беше Лазаров.

Во првиот натпревар од нашата група, со кој синоќа се отвори првенството, домаќинот Египет со 35:29 го совлада Чиле.

Табела по 1. коло:

  1. Шведска 2 (32:20)
  2. Египет 2 (35:29)
  3. Чиле 0 (29:35)
  4. Македонија 0 (20:32)

Второто коло од оваа Г група се игра в сабота кога од 18 часот Македонија игра против домаќинот, а од 20:30 се среќаваат Чиле и Шведска.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе