Влада: Да продолжи изградбата на гасоводот низ Водно, со намалена траса

Скопје, 22 август 2018 (МИА) - МЕР АД Скопје да продолжи со изградбата на Магистралниот гасовод Делница 5 (Скопје-Тетово-Гостивар) кај потегот на Водно согласно новите мерки и измени, и да склучи договор за регулирање на односите за оштетени зелени површини со Град Скопје како договорна страна, одлучи Владата на денешната седница.

За таа цел се направени измени на проектната документација за изградба на гасоводот низ Парк шумата Водно со што од 3.000 на 1.400 метри кубни е намалена количината на дрвја што треба да бидат исечени, намалена е широчината на трасата од 25 на 10 метри, а нејзината должина низ Парк шумата Водно е скратена за четири километри. МЕР доби насоки да го врати во првобитна состојба земјиштето по завршувањето на работите и да му додели на Град Скопје 43 милиони денари за пошумување на Водно.

Воедно Министерството за животна средина и просторно планирање доби задолжение во рок од 30 дена да подготви и до Владата да достави предлози на закони за прогласување на парк шумите Водно, Матка и Гази Баба за заштитени подрачја.

Владата му препорача на Град Скопје, во соработка со надлежните институции, во рок од 30 дена да изготви проект за зелени појаси на реките Лепенец и Серава, а Министерството за животна средина и просторно планирање да го помогне Град Скопје во реализација на проектите за зелени појаси на реките Лепенец и Серава и за рекултивација и пошумување согласно предлозите од граѓанските здруженија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе