Владата ја стесни и скрати трасата за гасоводот преку Водно

Скопје, 22 август 2018 (МИА) – „Владата на Република Македонија направи измени на проектната документација за изградба на гасоводот низ Парк шумата Водно со што е намалена количината на дрвја што треба да бидат исечени и е намалена широчината на трасата од 25 на 10 метри, а нејзината должина низ Парк шумата Водно е скратена за четири километри“, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес-конференција во Владата.

„Ако Владата и Градот Скопје одделија средства за пошумување на Парк шумата Водно и ние тврдиме и гарантираме дека тоа ќе се случи. Мислам дека сме направиле се за да продолжи изградбата на гасоводот на Водно. Невладините организации беа комплетно инволвирани во овој процес. Со нив беше разговарано и комуницирано четири-пет месеци. Ние сме на ставот дека гасоводот е стратешки приоритет и дека евентуалната мала штета што ќе се направи при неговата изградба двојно ќе ја надоместиме. И ние не го даваме Водно и ние сакаме да го заштитиме, Тоа е наше заедничко богатство и нема да дозволиме на никаков начин да ја загрозиме природата и да и наштетиме на животната средина“,  рече министерот Сугарески.

Промената на трасата, како што истакна директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи, ќе значи одложување на проектот за најмалку пет години и дополнителни 20 милиони евра, но, како што посочи, тоа не е единствениот проблем, бидејќи за трасата по северниот дел на Скопје ќе треба да се исече повеќе шума, таа ќе поминува низ ерозивен дел, низ густо населен појас, а, како што кажа, е недозволиво и ќе треба да се сече со главниот водоснабдителен систем за Скопје.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека гасификацијата ќе значи за 31 отсто намалување на загадувањето во Градот Скопје, а скопскиот градоначалник Петре Шилегов порача дека Скопје не може да ја спречува гасификацијата на останатите градови во Македонија и додаде дека обезбедил Градот да добие 43 милиони денари од МЕР за пошумување на Водно, уверување од Министерството за одбрана дека ќе се пошумат и ерозивните делови на Скопска Црна Гора, владина поддршка за регулирање на речните корита на Лепенец и Серава, еден милион евра од МЖСПП за намалување на загадувањето.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе