Владата ја усвои Програмата за имунизација, oд утре без ПЦР тест во Србија

Владата на вчерашната седница ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година, во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

– Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од нула до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од пет до 18 година, сопшти владината Прес-служба.

Од Владата информираат дека за оваа програма вкупно се одобрени 805 милиони денари од кои 415 милиони наменети за обезбедување на потребните количества вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390 милиони денари за набавка на COVID-19 вакцини.

Покрај планираната вакцинација, во борбата против COVID-19, здравствените власти го вклучија и лекот „Ивермектин“, кој од вчера е достапен за граѓаните во аптеките. Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Како што посочи Министерството за здравство, лекот може да се употребува за домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен. Лекот чини 299 денари.

Статистиката за COVID-19, како и во претходните недели, и вчера покажа дека се смирува состојбата со епидемијата. Од направени 3.023 тестирања, вчера беа регистрирани 520 нови случаи на позитивни на коронавирусот, што е околу 17 проценти на зарaзени. Починаа 12 лица, а оздравеа 372 пациенти.

Од 12-те починати, четири лица се од Скопје (88, 50, 82 и 65г.), еден пациент од Дебар (72г.), двајца од Струга (79 и 81г.), два пациенти од Охрид (94 и 66г.), еден пациент од Струмица (79г.), од Крива Паланка (59г.) и еден пациент од Кичево (70г.). Пациентите починале во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.117, бројката на оздравени пациенти е 68.364, на починати е 2.647, а бројот на активни случаи изнесува 16.106. Најмногу активни случаи има во Скопје – 9871, потоа следи Тетово со 704, околу 480 има во Куманово и Кавадарци, Гостивар-435, Охрид-419, Прилеп, Велес и Битола имаат околу 350, Неготино, Делчево и Гевгелија околу 200 заразени, а во другите градови се под 200.

Во земјава вкупно хоспитализирани се 736 пациенти и има околу 600 слободни кревети. Во ковид-центрите во болниците низ земјава надвор од Скопје се лекуваат вкупно 403 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во главниот град се хоспитализрани вкупно 333 лица.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во скопските болници има околу 190 слободни болнички места.

Од утре, за Србија ќе се патува без задолжителен ПЦР тест. Србија одлучи да го укине задолжителниот ПЦР тестот за влез во земјата за македонските државјани. Оваа информација вчера српската премиерка Ана Брнабиќ му ја соопшти на премиерот Зоран Заев.

Како што информира владината Прес-служба, во телефонскиот разговор меѓу Заев и Брнабиќ, меѓу другото биле изразени честитки за успешна 2021 година, како и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

– Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, се додава во соопштението на владината прес-служба.

Од вчерашните информации поврзани со COVID-19, пристигна и соопштението од василичарските друштва, кои информираа дека се откажуваат од организација на карневалот, се со цел спречување на ширење на коронавирусот.

Василичарските друштва Горна и Долна маала од Вевчани се откажаа од организација на Вевчанскиот карневал, кој традиционално речиси 15 века се одржува на 13 јануари.

Бројот на заразени во светот од коронавирус вчера надмина 91,5 милион лица. Од COVID-19 се излекувани 65,5 милиони луѓе (97 отсто), а починале 1,96 милиони (три отсто) пациенти.

Во светот има 24 милион активни случаи, од кои 99,5 проценти од пациентите се во полесна здравствена состојба, додека 0,5 отсто се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на заразени случаи со коронавирус има САД со над 23 милиони од почетокот на пандемијата, потоа следуваат Индија со 10,4 милиони, Бразил со 8,1 милион, Русија со 3,4 милиони и Велика Британија со 3,1 милион лица.

Во последната студија на Албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со COVID-19 во земјата е околу 600 илјади лица. Во меѓувреме во земјата вчера, на вториот ден од почетокот на вакцинацијата, беа вакцинирани 60 здравствени работници, пред се лекари епидемиолози.

Досега во Словенија се вакцинирани повеќе од 20.000 лица, претежно во домовите за стари лица и во болниците.

Седум од десет Грци, односно 74 отсто, сигурно (47 проценти) или веројатно (27 отсто) ќе се вакцинираат против COVID-19, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата Opinion Poll за грчкиот електронски весник Political, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Шпанија е регистрирано зголемување на бројот на заразени поради преголемо опуштање на Шпанците за време на празниците. Бројот на позитивни случаи на COVID-19 во последните две недели се зголеми од 350 на 435 лица на 100.000 жители, а приемот во одделот за интензивна нега, каде пациентите се приклучени на респиратори, се зголемил од 24 на 26.

Европската комисија го извести Европскиот парламент дека најголемата испорака на вакцини против COVID-19 во ЕУ се очекува во текот на вториот квартал на 2021 година.

Комисијата исто така најави дека платформата на ЕУ ќе започне да работи следната недела, при што земјите членки ќе известуваат двапати неделно за бројот на примени и употребени вакцини.

Во Германија се најавува дека локдаунот би можел да трае до Велигден.

Германската канцеларка Ангела Меркел на состанок на работната група на нејзината партија изјавила дека локдаунот во Германија е во сила и мора да трае уште осум до десет недели, речиси до Велигден, кој оваа година е на 4 април, пишува весникот Bild, објавувајќи наслов „Шокантна најава на канцеларката“.

Меркел предупредува на огромниот број заразени случаи со новиот вид на коранавирус кој првично се појави во Велика Британија.

– Ако не успееме да го спречиме овој британски вирус, до Велигден ќе имаме десет пати поголема бројка, истакна Меркел, тврди Bild повикувајќи се на изјави од учесници на состанокот.

Кина вчера затвори 4,9 милиони жители околу Пекинг заради новите случаи поради стравувањата од втор бран во земјата. В четврток во оваа земја ќе стигне истражувачки тим на Светската здравствена организација (СЗО) за да го испитува потеклото на коронавирусот. СЗО вчера соопшти дека истражувачкиот тим нема да има задача да вперува прст и да обвинува, туку научниците ќе имаат задача да го посетат Вухан, местото на првото големо ширење на коронавирусот, и да разговараат со кинеските научници кои работат на COVID-19.

Во светот е актулено вакцинирањето против COVID-19. Pfizer и неговиот германски партнер BioNtech произведоа над 70 милиони дози од својата вакцина против COVID-19 до крајот на 2020 година, изјави извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.

Компанијата Moderna, пак, соопшти дека имунитетот на  коронавирусот создаден од нејзината вакцина треба да трае најмалку една година.

Moderna во декември соопшти дека ќе спроведе тестови за да ја потврди активноста на вакцината против кој било вид на коронавирус.

Компанијата очекува во 2021 година да испорача меѓу 600 и една милијарда дози од својата вакцина и предвидува дека на годишно ниво ќе заработи 11,7 милијарди долари од продажбата на вакцината, врз основа на договорот за набавка што го потпиша со владите, пишува Guardian. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе