Во болниците се лекуваат 1.224 пациенти со КОВИД, во Скопје хоспитализирани уште 63

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 704 пациенти и слободни кревети има. Во КОВИД центрите во Скопје, пак, за 24 часа се хоспитализирани 63 пациенти, а вкупно се лекуваaт 520 болни, сомнителни и потврдени за COVID-19.

Како што соопшти Министерството за здравство, вкупно 520 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија, а доколку има потреба ќе се отворат и дополнителни оддели на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за торакална хирургија кои имаат вкупно 50 кревети. Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 28 приеми. 

Во КОВИД центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 примени пациенти и 17 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.

Моментно во КОВИД центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 234 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки. Вкупно 520 пациенти потврдени и сомнителени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, наведува Министерството.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 30 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 102 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 91 пациент, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 30, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 8 во Кичево 10, Кавадарци 66, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.224 и има околу 317 празни болнички кревети во КОВИД центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе