Во ДИК одбиен и третиот приговор на СДСМ

Сите девет членови на Државната изборна комисија (ДИК), вклучително и оние од опозициските социјалдемократи, доцна синоќа го одбија и третиот приговор на СДСМ.

Ваквата одлука ја донесоа членовите на ДИК по увидот на гласачката кутија од шестата изборната единица, откако СДСМ вложи приговор поради наводни нерегуларности во пребројувањето на гласовите.

Членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да биде направен увид во изборниот материјал од гласачкото место 2.024 и откако увидот беше направен, беше утврдено дека ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 64 гласа, СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија освоиле 48 гласа, Движењето БЕСА – 48 гласови, ДПА – 35 гласа, а Алијансата за Албанците -19 гласови.

На овој начин се утврди дека состојбата со освоените гласови на партиите е идентична со записникот број 16 од ова избирачко место. Утврдено е дека има 14 неважечки ливчиња, а неупотребени се 212.

Со тоа одбиени се вкупно три од осумте приговори на СДСМ за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирањтое на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11-ти декември.

Државната изборна комисија претходно ги отфрли двата приговора на СДСМ, за избирачките места во општината Теарце, исто така, во шестата изборна единица. Приговорите за овие избирачки места се однесуваат на преправани записници како и несовпаѓање на бројките на гласачите со распределбата на гласовите.

Претходно во четвртокот ДИК отфрли седум приговори од Движењето БЕСА, а само еден приговор беше оставен за да се однесе потписот на Фатиме Сулејмани на графолошко вештачење за да се потврди дали потписот е веродостоен или друг се потпишал наместо неа.

Роковите според избрниот законик беа до 24 часот во четвтокот, а потоа течат и роковите за жалби пред Управниот суд.

Пред седиштето на ДИК во текот на целата ноќ имаше силно полициско обезбедување и голема група поддржувачи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои порачуваат дека нема да дозволат „да им биде украдена победата“ на изборите на 11-ти декември.

На масата ѝ се обратија повеќе функционери и кандидати за пратеници од владејачката партија, кои повикаа „да се почитува волјата на избирачите“ и порачаа дека ќе останат и натаму пред ДИК, сé додека не бидат потврдени првично соопштението резултати од изборите според кои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 51, а коалицијата на СДСМ 49 пратенички мандати.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе