Во изминатите три дена нови 159 случаи на COVID-19, починати три лица

Скопје, 9 мај 2022 (МИА) – Во последните три дена од 6 до 9 мај, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на COVID-19, од кои 25 се реинфекции.

Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица.

Од вкупниот број новозаболени, двоцифрена е бројката само во Скопје – 79 и во Битола – 29. Во Прилеп регистрирани се девет случаи, во Охрид осум, во Куманово, Кавадарци и Велес има по пет нови случаи, Кичево – 4, Тетово и Ресен – по 3, Штип и Гевгелија – по 2, Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово – по 1.

Починатото лице е од Охрид на 82-годишна возраст, а двете дополнително регистрирани починати лица се од Скопје на возраст од 58 и 83 години. Едниот е починат во домашни, а другиот во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27 до 29 април.

Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, а на починати 9.287. Бројот на активни случаи во моментот е 578.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе