Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 477

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 477 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, шестмина во ковид-центарот на Клниката за неврологија, двајца на Институтот за ТБЦ, четири пациенти на Клиниката за дерматовенерологија и еден на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид-центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 11 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

Вкупно 477 пациенти потврдени и сомнителни за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, изутринава до 8 часот имало 40-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се додава во соопштението. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе