Во Русија ќе се гради вториот највисок облакодер во светот
Шкотската архитектонска фирма Kettle Collective ги објави плановите за изградба на вториот по висина облакодер во светот којшто ќе се наоѓа во Санкт Петербург, Русија.
Lakhta Center II ќе биде висок 703 метри, додека Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда во светот, е висока 828 метри. Облакодерот ќе се гради на периферијата на Санкт Петербург, покрај оригиналниот Lakhta Center, највисоката зграда во Европа, висока 462 метри.
Облакодерот ќе има 150 ката.