Во Собранието втор ден расправа за избор на нова Влада

Собранието денеска напладне ја продолжи расправата за избор на новата влада.

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на седницата обвини дека мандатарот Димитар Ковачевски не учестувал на избори, не ја побарал довербата и нема глас од ниту еден граѓанин и затоа, како што рече, го нема народниот легитимитет.

Таа посочи дека најголем дел од министрите остануваат и се продолжение на „хибриден режим“ кој беше проазен на локалните избори пред неколку месеци.

-Во состојба на дури четири кризи, економска, здравствена, енергетска и топлинска, кога имаме вакви кризи мандатарот говори за економска состојба и раст на БДП. Како да треба да заборавиме дека имаме инфлација, граѓаните буквално немаат ниту за леб, цените на прозиводи растат вртоглаво, парите немаат никаква вредност, и потценување е во ваква состојба да се зборува за економска ренесанса, додаде Ласовска.

Здравствената криза, посочува Ласовска, е во експанзија, а нема предложени мерки за заштита на населението во време кога имаме најголема смртност и енормен број на заразени.

Мандатарот Димитар Ковачевски откако го достави Предлогот за состав на нова влада и Предлог-програмата за нејзината работа до претседателот на Собранието, Талат Џафери, собранискиот спикер веднаш за сабота закажа седница на Парламентот со единствена точка на дневниот ред – Избор на Влада на Република Северна Македонија.

Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.

Согласно собранискиот Деловник, мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на владата на седницата на Собранието на која се врши нејзиниот избор. По програмата на мандаторот и предлогот за состав на владата, Собранието води единствен претрес. Во Деловникот е предвидено дека редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието на начин кој обезбедува учество на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање.

Тагови
реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Македонија

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Read more

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Read more

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе