Во Специјалниот завод во Демир Капија нема лекар, а има 153 административци

Во  ЈУ Специјален завод – Демир Капија, каде трајно се сместени 277 штитеници со тешка ментална ретардација, нема постојан лекар, но има 153 лица кои се вработени како административен персонал, забележале од Хелсиншкиот комитет за човекови права по извршената посета во рамките на установи од затворен тип.

 Во овој Специјален завод, кој постои повеќе од 40 години, сместени се лица со најтешка ментална ретардација, но тие живеат во супстандардни услови. Од Хелсиншки сметаат дека  е недозволиво во установа во кои се сместени 277 штитеници да нема ниту еден еден постојан лекар.

Хелсиншкиот комитет по извршената посета констатира дека со штитениците со тешка попреченост, работат четворица дефектолози, 18 медицински сестри, 70 негуватели, а останатиот дел од 153 вработени се административен персонал.

За време на посетата на тимот на Хелсиншкиот комитет во одделот каде што се сместени лицата со најголем дефект, односно 90 отсто од нив се неподвижни, тие наишле на ужасна глетка каде што лица неподвижните лазеле по подот во зградата во која мирисот е ужасен, вратите се искршени и каде што мачки направиле свое живеалиште.

„Сите одделенија се во лоша состојба и не исполнуваат минимални услови за живот. Надворешниот дел на градбите е во лоша состојба, ѕидовите се нагризани, а фасадата е падната на повеќе места. Собите во кои се сместени штитениците се полни со влага и мувла. Во нив речиси нема шкафови, ќебињата се стари и истрошени и на повеќе кревети немаше перници“, се вели во извештајот на Хелсиншки комитет изработен за Специјалниот завод.

Дел од штитениците својот доручек го имале веднаш до распаднатите тоалети, кои со години не биле исчистени и од каде што се ширела ужасна смрдеа.

Загрижувачки е и бројот за смртноста, па така од 1993 година до 2016 година во Домот, според евиденцијата, починале 375 штитеници.

„Поголемиот дел од смртните случаи се резултат на белодробни заболувања кај штитениците“, констатира извештајот.

Сезонската вакцина која треба да ја примаат луѓето сместени во оваа установа, ја примале и со два месеци задоцнување, а надлежните во Домот немале одговор кој е добавувачот на вакцините.

Поради еден случај во кој штитеник починал под сомнителни околности и обдукција која го запрепастила тимот на Хелсиншкиот комитет, тие најавија кривична пријава за надлежниот обвинител задолжен за случајот, бидејќи смртта на лицето завршила во архивите, а никој не одговарал за небрежноста.

Овие забелешки Хелсиншкиот комитет ќе ги испрати и до меѓународната заедница, но нивниот апел главно е до Министерството за труд и социјална политика со кое раководи Диме Спасов, да изврши увид и да одговори на проблемите во ЈУ Специјален завод – Демир Капија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе