Вработена во Pfizer ги украла тајните за ковид вакцините

Компанијата Pfizer обвини вработена во заминување дека со себе однесла куп доверливи документи, вклучувајќи и такви кои содржеле тајни за вакцината за COVID-19, пробала детално да го прикрие стореното, а потоа се вработила во ривалска компанија.

Фармацевтскиот гигант веќе поднел тужба кон лицето именувано како Чин Сјао Ли, обвинувајќи ја дека „аплоудирала над 12 илјади датотеки вклучително и доверливи документи на Pfizer, сето тоа од нејзиниот службен лап-топ во сопственост на Pfizer, а на Google Drive сметка“. Тоа се случило кон крајот на октомври, а датотеките потоа завршиле на нејзиниот приватен компјутер.

„Поради огромниот број на документи кои Ли незаконски си ги присвои, Pfizer допрва треба да ја утврди големината на деловните тајни и доверливи информации кои таа ги поседува. Таа сега има илјадници документи потенцијално поврзани со бројни вакцини на Pfizer“, објави компанијата.

Тужбата првенствено се однесува на вакцината против COVID-19 и терапијата со моноклонални антитела.

„Поради нејзината улога и одговорности како помошник директор за статистика, Ли имаше пристап со строго доверливи, сопствени и трговски тајни информации поврзани со бројни вакцини и медикаменти, вклучително и COVID-19 вакцината“, додаваат од Pfizer.

Од Pfizer открија и дека Ли работела со најмногу уште петмина неидентификувани козаговорници, а отишла дотаму што дури направила и лажен лап-топ за да го измами обезбедувањето на компанијата, наведувајќи ги да веруваат дека тоа е компјутерот кој се користел за ексфилтрација на датотеките. Сепак, форензичката анализа на Pfizer потврдила дека не се работи за истиот лап-топ и дека Ли, или некој од нејзините соучесници, веројатно сѐ уште го поседува вистинскиот компјутер на кој се чуваат тие 12 илјади датотеки.

Откако Pfizer откриле дека датотеки се извадени, ги прегледале сите мејлови на Ли, пристапноста до датотеки и нејзината активност на интернет на нејзиниот службен лап-топ, по што откриле дека била во контакт со ривалската фармацевтска компанија Xencor, поради понуда за вработување. На почетокот од месецов Ли ги известила одговорните во Pfizer дека ја напушта компанијата, но без да даде причина зошто се одлучила на таков чекор, ниту пак напоменала дека има понуда од друго место - иако таа веќе потпишала договор со Xencor каде што треба да почне со работа на 29-ти месецов.

Со оглед на тоа што Ли сѐ уште поседува огромен дел од трговските тајни на компанијата, Pfizer напоменува дека „би било неправедно да ѝ се дозволи на Ли и кој било друг што работел со неа да ги продава успесите и искуството на Pfizer, без разлика дали тоа ќе биде Xencor или на друго место, преку искористување на бројните доверливи Pfizer документи кои ги зеде без дозвола и кои одбива да ги врати“. Компанијата во тужбата побара на Ли да ѝ се одреди забрана за употреба на материјалите за „сопствени цели“.

И покрај обвинувањата, Ли инсистира дека на Pfizer му ги дала сите барани информации и дека целосно соработува со истрагата. Но, сега Ли ги одби идните средби со претставници на Pfizer со изговор дека има „здравствени проблеми“.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе