Враќање на легендата: Како изгледа новата Renault „четворка“?

Откако враќањето на поголемата „петка“ беше одлично прифатено од публиката, Renault решија на сцената да вратат уште една легенда. Renault 4 се враќа, додуша, во концепт издание, но со ветување дека во иднина пазарот ќе добие уште еден ретро автомобил.

Со целосно име Renault 4EVER Trophy, ова е концептот со кој францускиот бренд настапува во Париз со својот предлог за електричен SUV модел од т.н. Б сегмент. Тоа е и повод да се одбележи четвртина век, не на моделот, туку на хуманитарното рели 4L Trophy.

Во дизајнот, лесно е да се најде врска со легендарниот модел. Ги нема многу, но лесно се гледаат. Покрај препознатливата предна маска, тука се и речиси „комбе“ силуетата и задното странично стакло, што е еден од најпрепознатливите детали на R4.

Странично, за жал, ја нема пластика позната од GTL изданието, но рабовите на калниците и праговите се заштитени заедно со црни месести панели. Одзади само обликот на LED светлата наликува на оригиналот, а недостига препознатливата рачка за отворање на задната врата.

 
Концептот е претставен во двобојна сиво-црна комбинација, чија монотонија ја разбиваат виолетовите детали. Добар додаток се карбонските кровни носачи и дополнителниот носач на местото на задното стакло.

Гумите се теренски, со пречник од 19 инчи, а вградените компресори овозможуваат лесно менување на притисокот во гумите по желба на сопственикот. Опремен со off-road суспензија, подот е поставен на 200 мм од подлогата, така што новиот R4 е подготвен да излезе од асфалтниот пат.

Во Renault конечно разјаснуваат што практично значат R5 и R4. Тие се електричните еквиваленти за стандардните модели, R5 за Clio и R4 за Captura. Во исто време, 4EVER со 4.160 мм е дури 68 мм пократок од Captur, но и значително поширок (1.950 мм) и повисок (1.900 мм).

Новиот SUV модел ќе ја користи платформата CMF-BEV, која ќе се произведува во капацитетите на ElectriCity во северна Франција. Кога станува збор за самиот погон, сè е непознато, дури и за концептот. Познато е само дека батериите се наоѓаат во подот и дополнително се заштитени. Да споменеме и дека истата платформа ќе ја користат и R5, вклучувајќи ја и Alpine верзијата и новата Nissan Micra.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе