Времеплов: 21 година од голот од корнер на Шаќири против Англија
На денешен ден во 2002 година Артим Шаќири го постигна легендарниот гол директно од корнер против Англија. Тоа беше ЕУРО 2004 квалификациски натпревар на „Сент Мери'с“ стадионот во Саутемптон. Шаќири во 11. минута ја вчудоневиде публиката, а голманот Дејвид Симан го испрати во репрезентативна пензија.
Натпреварот заврши 2:2 со головите на Дејвид Бекам (14. мин) и Стивен Џерард (35.) за Англија и на Ванчо Трајанов (24.) за Македонија.
За Македонија настапија: Петар Милошевски; Роберт Попов, Гоце Седлоски (к), Александар Васоски, Александар Митрески, Роберт Петров, Ванчо Трајанов (90'+3 Милан Стојаноски), Величе Шумуликоски, Влатко Гроздабноски, Артим Шаќири, Гоце Толески (62' Горан Пандев). На клупа беа и Јане Николоски, Бобан Грнчаров, Мирослав Вајс, Стојан Игнатов и Драган Начевски. Селектор: Никола Илиевски.
Англија: Дејвид Симан; Гари Невил, Сол Кембел, Ешли Кол, Вејн Бриџ (58' Дариус Васел), Џонатан Вудгејт, Стивен Џерард (55' Ники Бат), Дејвид Бекам, Пол Сколс, Мајкл Овен, Алан Смит. Селектор: Свен-Јеран Ериксон.