Времеплов: Сите голови од Мундијалот во Бразил 2014
Пред шест години се играше Светското првенство во Бразил на кое триумфираше Германија. Уживајте потсетувајќи се на сите 171 гол.
Со одиграни вкупно 64 натпревари математиката вели дека ширум стадионите во Бразил беа постигнувани во просек по 2,67 голови по натпревар, што е одличен просек.
Најмногу голови ќе видите од шампионот Германија, дури 19. Два помалку постигнаа Холанѓаните, а потоа Аргентинците со 16.
Индивидуално, најдобар стрелец беше Колумбиецот Хамес Родригес со 6 голови, пред Томас Милер со 5, додека по 4 постигнаа Лео Меси, Нејмар и Робин ван Перси.