Се очекува Xiaomi да ја претстави својата следна генерација на премиум телефони Xiaomi 14 до крајот на октомври, а сега се појавија целосните спецификации.

Постер со целосни спецификации се појави за стандардниот модел Xiaomi 14. Спецификациите се појавија на кинеската социјална мрежа Weibo.
Спецификациите укажуваат на голем, квадратен модул за камера на задната страна со три сензори од брендот Leica. Системот ќе се состои од главна камера од 50 MP OV50H, ултра широка камера од 50 MP и телефото од 50 MP.
Се очекува Xiaomi 14 да има 6,44-инчен C8 OLED 12-битен дисплеј, со 1,5K резолуција. Ќе има брзина на освежување од 120 Hz и максимална осветленост од 2800 nits, како и поддршка за Dolby Vision и HDR10+.
Покрај горенаведеното, телефонот ќе има и два стерео звучници, IP68 сертификат за заштита од вода и прашина, како и IR Blaster.
Xiaomi 14 ќе користи процесор Snapdragon 8 Gen 3 (кој сè уште не е официјален), заедно со LPDDR5x RAM и складирање UFS 4. Сè ќе се напојува од батерија со капацитет од 4600 mAh, со поддршка за брзо полнење од 90 W, безжично полнење од 50 W и обратно безжично полнење од 10 W.
Имајќи предвид дека се работи за неофицијални информации, додека Xiaomi не ги објави конкретните детали и датумот на претставување на серијата Xiaomi 14.