Загубата на воениот брод „Москва“ е страшен удар за Русија, велат експертите

Еден од најважните воени бродови на руската морнарица или е напуштен или се наоѓа на дното на Црното Море, што е страшен удар за армијата која се бори против украинскиот отпор на 50-тиот ден од инвазијата, пишува CNN.

Сите руски морнари се евакуирани од крстосувачот „Москва“, главниот воен брод на руската Црноморска флота, по експлозија на муниција предизвикана од оган, пренесоа руските прорежимски медиуми ТАСС и РИА, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Русите тврдат дека во инцидентот е тешко оштетен бродот Москва и дека се истражува причината за пожарот. Русите не објавија никаков број на жртви на бродот.

Но, неколку часа претходно, украински функционер тврдеше дека руски воен брод бил погоден со крстосувачки ракети истрелани од Украина. Поради големите бури над Црното Море кои го оневозможија сателитското снимање, CNN не можеше да потврди дека бродот е погоден, ниту неговата моментална состојба, но аналитичарите велат дека пожар на таков брод може да доведе до катастрофална експлозија што може да го потоне.

Што и да го предизвикало пожарот, аналитичарите велат дека тоа е страшен удар врз срцето не само на руската морнарица, туку и на националната гордост. Тие наведуваат дека ова е споредливо со американската загуба на оклопен автомобил за време на Втората светска војна или носач на авиони во модерното време.

„Само загубата на подморница вооружена со балистички ракети или Кузњецов, руски носач на авиони, ќе му нанесе поголем удар на рускиот морал и на угледот на морнарицата во очите на руската јавност“, изјави Карл Шустер, пензиониран капетан на американската морнарица за CNN.

„Ова е огромен удар“, рече Алесио Паталано, професор по војна и стратегија на Кралскиот колеџ во Лондон.

„Бродовите извршуваат акции далеку од очите на јавноста, нивните активности ретко се предмет на извештаи во весниците. Но, тоа се пловечки парчиња национална територија и затоа, кога ќе изгубите еден од нив, а особено главниот брод на флотата, политичката и симболичната порака, заедно со самата воена загуба, се издвојува токму поради тоа“, додаде тој.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе