„Зајди, зајди“ ѝ донесе медал на Светско првенство на италијанска гимнастичарка
Александра Агургукулезе е Романка која ја претставуваше Италија на Светското првенство во ритмичка гимнастика во Софија, Бугарија и го освои бронзениот медал, настапувајќи на звуците на познатата македонска песна „Зајди зајди“.
17-годишната Александра е грациозна и беспрекорна во нејзината изведба што совршено се надополнува на совршеноста на нашиот музички бисер.