Малечкиот робот QTrobot, создаден како проект на одделот LuxAl при Универзитетот во Луксембург, има можност да креира интеракција меѓу терапевтот, детето и роботот.
Роботот поседува LCD лице и роботски раце, а им овозможува на аутистичните деца да се навикнат на контактот со луѓето, како и да им биде попријатно во терапевтското опкружување.
Ја намалува напнатоста кај аутистичните деца, а во проектот чии резултати наскоро ќе бидат објавени, се гледа реакцијата на децата во присуство на роботот. QTrobot лесно се програмира, може со часови да работи и поседува 3D камера.
Умее да гледа, слуша, зборува и најважно од сè, да комуницира невербално, со фацијални експресии на екранот и движења со телото.