Засега не доаѓа предвид воведување на нова рестрикција, но не можам да ја исклучам можноста, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја одржува редовната прес-конференција на која извести за состојбата со COVID-19 во земјава, заедно со директорката на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ.

На новинарско прашање во врска со тоа дали Комисијата за заразни болести размислува за воведување на нови рестриктивни мерки, имајќи го предвид растот на новозаболени и починати од коронавирусот, Филипче рече:

„Го дискутиравме ова прашање на неколку последователни состаноци на Комисијата за заразни болести, дали ваква рестрикција на движењето е нешто што може да придонесе бројот на новозаразени да падне, но секогаш го имаме предвид и фактот што и овој бран тргна во моментот кога во нашата земја имаше рестриктивни мерки, а тие не се почитуваа и дека секое следно олабавување на мерките може да значи повторен бран. Во таа смисла, и олабавувањето на овие мерки беше донесено во пакет со т.н. меки мерки, а тоа е носењето маски и одржувањето дистанца. Засега не доаѓа предвид воведување на нова рестрикција, но не можам да ја исклучам можноста, апсолутно. Епидемиолозите сметаат дека со овој интензивен пристап на анализа на контактите, тестирање и ставање во изолација во следниот период ќе се постигне резултат. Сега жариштето е во Скопје, а во Тетово нешто помалку. Се знаат кластерите, а се знаат и контактите со кластерите, посебно од последните неколку денови, така што сега-засега продолжуваме со овој начин на работа, со овој пристап.“

Прес-конференцијата е во тек.

Remote video URL

 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе