Затворени пет правни субјекти и два угостителски објекта

Во изминатите две деноноќија затворени се пет правни субјекти, три во Скопје, од кои една игротека во која беше затечена роденденска прослава и два угостителски објекти каде беше затечена состојба спротивно од Законот за заштита на населението од заразни болести.

Во истите беа затекнати голем број на гости кои не седеа по четворица на маса, послужување на пијалаци на шанк, играње и групирање спротивно на Одлуката, изјави за МИА Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат.

Таа додаде дека е затворен еден објект во Тетово каде со асистенција со припадници на МВР била прекината свадбена прослава на која биле затечени 50 гости, како и уште два субјекти кои се нерегистрирани во Скопје и кај истите е затечено прекршување како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, протоколите така и Законот за вршење на нерегистрирана дејност.

– Во едниот од нив е затечена музика со бенд, а кај другиот зголемен број на гости. Кај сите субјекти е постапено на начин што истите се затворени привремено и издадени се прекршочни платни налози. Постапките се во тек, додаде Котели.

Таа појасни дека се извршени повеќе контроли на ниво на територијата на целата држава, при што се извршени шест постапувања поради прекршување на Одлуката на Владата на РСМ со сите измени од Јануари 2021 год, како и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Преходно медиумите објавија дека дел од затворените објекти се стриптиз бар во селото Крушопек, угостителски објект  во ТЦ „Мавровка“, како и локалите „Интермецо“ и „Три кичен бар“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Хроника

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Read more

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе