Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните манипулации

Во одговорот на УСЈЕ до ЗХГ преку медиумите, загадувачкиот капацитет безмалку кажува дека го прочистува воздухот со своето постоење. Колку Цементарница УСЈЕ загадува, најдобро знаат луѓето што живеат во околината на фабриката, велат активистите од Зелен хуман град на онлајн преписката со Цементарница УСЈЕ.

„УСЈЕ е фатена на дело од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и инспектори на Град Скопје дека загадува повеќе од дозволеното, а дрско лаже дека ЗХГ не објавува факти. Имено, ДИЖС при вонредниот надзор на УСЈЕ откри и јавно објави дека кај котларата на мазут загадува двапати повеќе од дозволеното“, стои во соопштението на Зелен хуман град испратено до медиумите.

Во него се наведува и:

„Во дозволата на УСЈЕ е јасно наведено дека фабриката е задолжена самостојно и без одложување да го извести надлежниот орган за секакво надминување на дозволените вредности на загаденост. УСЈЕ не го направила тоа и ја прекршила обврската од дозволата, а со тоа го довела во ризик здравјето на скопјани.

Дневниот извештај од печката бр. 3 од производниот процес содржи дупка без податоци од цели 10 часа во мерење од 24 часа. Тој податок го објави Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а извештајот е невалиден според чл. 15 од Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори.

Остануваат прашањата: како инспекторот на ДИЖС го прифатил овој незаконски извештај? Зошто фали една цела табела со податоци од мерења во извештајот објавен од ДИЖС? Каде се мерењата од сите 10 оџаци на кои УСЈЕ е задолжена да мери континуирано? Зошто уште ги нема податоците од мерењата на ПМ 10 во кругот на УСЈЕ што ги спровел ДИЖС?!

За какви европски стандарди зборува УСЈЕ?! Да се наоѓаа во Европа, немаше да им биде дозволено да работат! На кого во Европа му е допуштено да работи со вакви бездни од пропусти во податоците за тоа колку загадува? Очигледно е дека податоците за вистинскиот степен на загадување што го произведува УСЈЕ или не се објавуваат или се бескорисни и со нив се манипулира наместо да се прикаже вистинската состојба. Затоа една недела по излегувањето на информацијата дека УСЈЕ загадува над дозволеното, јавноста уште не може да добие одговор на клучни прашања и не може да добие увид во конечните резултати. А во меѓувреме празнината од податоци се пополнува со бескрупулозните манипулации на УСЈЕ кои очигледно немаат никаква почит кон жителите на Скопје и го ставаат сопствениот профит пред заштитата на колективното здравје.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе