Зеленски: Инвазијата на Украина не е крај на плановите на Русија

Откако руски генерал изјави дека Русија сака целосна контрола врз Јужна Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската инвазија на неговата земја е само почеток и оти Москва има планови да заземе и други земји.

– Сите народи кои како нас веруваат во победата на животот над смртта, мора да се борат со нас. Тие мора да ни помогнат, бидејќи ние сме први во редот, но прашање е кој ќе биде следен, нагласи Зеленски во видео обраќање.

Тој рече дека коментарите на руската армија за потребата од создавање врска со Молдавија на украинскиот фронт, укажуваат на тоа дека Москва сака да изврши инвазија и на други земји.

Руските државни новински агенции претходно го цитираа Рустам Минекајев, заменик командант на рускиот централен воен округ, кој рекол дека „целосната контрола на Јужна Украина ќе овозможи пристап до Приднестровие, отцепен дел во Западна Молдавија“.

Приднестровие, познато како Транснистрија, е автономна покраина во Молдавија која има самопрогласена независност и не е признаена од ниту една држава членка на ОН, вклучувајќи ја и Русија. 

Украинскиот претседател додаде и дека сојузниците конечно почнале да доставуваат оружје како што барал Киев, нагласувајќи дека тоа ќе помогне „да се спасат животите на илјадници луѓе“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе