Клисура на истокот на островот Гуишан, популарна туристичка дестинација во Тајван, се откина и се лизна во морето по разорниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата вчера.
Тајванската телевизиска станица TVBS News прва ја објави веста за штетите на островот Гуишан, кој поради својата форма го нарекуваат и Островот на желките.
Тајванскиот медиумски портал 信傳媒 напиша дека големи камења паднале во морето, но дека никој не е повреден бидејќи во тоа време во близина немало туристи или чамци.
Земјотресот го погоди Тајван во средата наутро во најфреквентно време, а беше почувствуван и на целиот остров, кој има повеќе од 23 милиони жители.
Тајванската централна метеоролошка управа (CWA) соопшти дека земјотресот со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случил во 7:58 часот во средата (вторник 23:58 часот по средноевропско време) на длабочина од 15,5 километри.