Жена свири на виолина додека ѝ прават операција на мозокот
Музичарка свиреше на виолина легната на операционата маса во болницата King’s College Hospital во Лондон, додека хирурзи ѝ правеа операција за отстранување тумор во главата.
Медицинскиот тим ја замоли 53-годишната Дагмар Тарнер да свири на виолина додека оперираат за да се осигураат дека деловите од мозокот кои ги контролираат деликатните движења со рака и координацијата при свирење нема да бидат оштетени за време на операцијата која бара милиметарска прецизност.
На Тарнер ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот во 2013 година, откако добила напад за време на настап со филхармонијата.