Жестоки борби на улиците низ Киев, Украина се обидува да го одбие рускиот напад

Б.С.Б.
/ 26.02.2022 / 08:36

Трет ден од руската воена инвазија на Украина, а сè поинтензивни се борбите на улиците низ Киев. Борби се водат и на главната градска авенија, пренесе BBC.

Зад жителите на Украина е уште една тешка и бессона ноќ, а тоа најмногу се однесува на жителите на главниот град, каде се слушаат експлозии и пукање. Војската на Украина се обидува да го одбие рускиот напад.

Украинската војска соопшти дека борбата е жестока, дека Русија ќе се обиде да го покори Киев.

Според објава на Facebook страницата на украинската војска, повеќе од 3.500 руски војници кои учествувале во инвазијата се убиени, а скоро 200 се заробени.

Амбасадорот на Украина во Советот за безбедност на ОН, Алексеј Данилов, уверува дека ситуацијата во Киев е под контрола и дека војската спречува руските војници да заземат важни локации.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од Конгресот да одобри помош на Украина од 6,4 милијарди долари. ОН очекуваат 5 милиони Украинци да се обидат да ја напуштат земјата, пренесе BBC.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе