Жоржињо објасни зошто си заминал од Челси

Италијанскиот репрезентативец за само 48 часа се договорил со Арсенал откако во Челси му рекле дека повеќе не е во нивните планови.

Говорејќи за DAZN, играчот од средниот ред на „Топчиите“ зборуваше за тоа како на последниот ден од зимскиот преоден рок од Челси се пресели во градскиот ривал Арсенал.

Тој потврди дека клучниот фактор за овој трансфер направен 6 месеци пред да му истече договорот со „Сините“ бил стратегот на Арсенал, Микел Артета.

„Тој дефинитивно беше една од причините. Ми се јави и сѐ се одвиваше многу брзо, договорот го склучивме за помалку од 48 часа. Разговарав со Челси и знаев дека не сум им повеќе во плановите. Сакав да напредувам во кариерата, а проектот на Арсенал ми одговараше“, објаснува Жоржињо.

„Се работи за млад тим кој игра добар фудбал и се вклопува во моите карактеристики. Го разгледав секое можно сценарио и донесов одлука. Понекогаш треба човек да прифати дека не е повеќе дел од проктот и дека на некои работи им доаѓа крајот“.

Жоржињо направи паметен потег со оглед на тоа што Челси се дави во лоши резултати и е далеку од врвот, доека неговиот нов клуб е на врвот во Премиер лигата и се бори за титулата. Арсенал има два бода предност пред бранителот Манчестер Сити од кого неодамна загуби во меѓусебната пресметка со 3:1.

„Го натеравме Сити да игра на долги топки, малку тимови можат тоа да го направат. Одигравме добро. Разочарани бевме од резултатот и од некои грешки, но останавме смирени бидејќи знаевме дека имавме и многу позитиви. Ако не веруваме во титулата сега, тогаш кога?“, заклучи Бразилецот со италијански корени.

Жоржињо постигна 29 гола на 213 натпревари за Челси. Во Арсенал дојде за 13,5 милиони евра и потпиша до јуни 2024 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе