По Лигата на шампионите и Лига Европа, дојде на ред во Нион да се жребува и завршницата во Европа конференциската лига.
Џорџо Маркети по третпат ја водеше жрепката, а овој пат топчињата ги влечеше Василис Циартас, член на неповторливата генерација на Грција која стан аевропски првак на ЕУРО 2004.
Клуб Бриж - ПАОК
Олимпиакос - Фенербахче
Астон Вила - Лил
Викториа - Фиорентина
Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 11 април, а реваншите се веднаш наредната надела на 18-ти.
УЕФА ги одреди двојките и за полуфиналето, а овие натпревари ќе се играат на 2 мај со реваншите на 9 мај.
Астон Вила/Лил - Олимпиакос/Фенербахче
Викториа/Фиорентина - Клуб Бриж/ПАОК
Финалето е закажано за 29 мај на „Аја Софиа“ стадионот во Атина. Формален домаќин на финалето ќе биде победникот од првото полуфинале.
Ова беше последната жрепка за денеска и воедно за европските клупски натпреварувања оваа сезона.