УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Жрепка ЛЕ: Милан во Белград, Манчестер во Баскија

Веднаш по жрепката за Лигата на шампионите на сцената во Нион стапи и жрепката за Лига Европа која ги даде паровите за првата фаза од елиминациите.

Веројатно најтешко мина Арсенал кој ќе мора да игра против незгодната Бенфика, додека Милан патува кај нашиот северен сосед на мегдан со Црвена звезда. Нималку лесна задача нема да има ни Манчестер Јунајтед кого фортуната го смести со Реал Сосиедад, изненадувањето на сезоната во Примера. Тотенхем и Мурињо не би требало да имаат пробелми со австрискиот дебитант Волфсбергер.

Нашиот репрезентативец Аријан Адеми и неговиот загрепски Динамо жрепката реши да играта против руски Краснодар. А, пак, Елиф Елмас и Наполи ја добија шпанска Гранада против која важат за фаворит.

Волфсбергер (Австрија) - Тотенхем (Англија)
Динамо (Украина) - Бриж (Белгија)
Реал Сосиедад (Шпанија) - Манчестер Јунајтед (Аглија)
Бенфика (Португалија) - Арсенал (Англија)
Црвена звезда (Србија) - Милан (Италија)
Антверп (Белгија) - Ренџерс (Шкотска)
Славија (Чешка) - Лестер (Англија)
Салцбург (Австрија) - Виљареал (Шпанија)
Брага (Португалија) - Рома (Италија)
Краснодар (Русија) - Динамо (Хрватска)
Јанг Бојс (Швајцарија) - Баер Леверкузен (Германија)
Молде (Шведска) - Хофенхајм (Германија)
Гранада (Шпанија) - Наполи (Италија)
Макаби Тел-Авив (Израел) - Шахтар (Украина)
Лил (Франција) - Ајакс (Холандија)
Олимпијакос (Грција) - ПСВ (Холандија)
 

Првите натпревари ќе се играат на 18 февруари, додека реваншите се закажани веќе недела дена потоа, на 25-ти. Потоа ќе следува жрепката за осминафиналето на 26 февруари.

Финалето од оваа сезона во Лига Европа ќе се игра на 26 мај на „Мјејски“ стадионот во полскиот град Гдањск.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе