Зошто Европејците поскапо плаќаат за iPhone од Американците?

Apple е познат по високите цени, а исклучок не е ниту нивниот последен модел на мобилен. iPhone 15 Pro Max во САД се преодава за 1.199 долари (1.131 евро). Цената на овој уред во Европа е значително повисока.

Имено, на веб-страницата на Apple беше објавено дека и во еврозоната чини 1.131 евро, што е 9% повеќе од минатогодишната цена на мобилниот телефон на Apple. Сепак, цените на Стариот континент варираат од земја до земја, но сите се значително повисоки отколку во САД.

iPhone 15 Pro Max чини 1.479 евра во Франција, 1.449 евра во Германија и 1.489 евра во Италија. А основниот модел на iPhone 15 е поскап во Европа отколку во Америка. Во САД е 800 долари (754 евра), додека во Франција е 969 евра, во Германија 949 евра, а во Италија 979 евра.

Во САД ДДВ се пресметува по купувањето. Стапката на ДДВ варира во зависност од американската сојузна држава и се движи од 2,9% до 7,25%.

Значи, ДДВ за iPhone 15 Pro Max во Вашингтон е 6% или 71,94 долари (67,90 евра). Во Лос Анџелес е 113,91 долари (107,52 евра). Сепак, купувачот на овој мобилен телефон во Лос Анџелес ќе заштеди 239,74 евра, наспроти купувачот на истиот мобилен телефон во Франција.

Големата разлика во цената меѓу САД и Европа не е единствена само за најновиот модел на мобилен телефон на Apple. Кога iPhone X излезе во продажба во 2017 година, корисниците на Twitter се пошегуваа дека ќе биде поевтино да се оди во САД и да се купи овој телефон отколку да се купи во Европа.

URL

Меѓутоа, дури и оние кои всушност би отишле во САД и би го купиле овој мобилен телефон, ќе мора да платат царина по враќањето во нивната матична земја. На пример, царината за Французите што купиле iPhone 15 Pro Max во САД би била 200 евра. Значи Европејците немаат како да поминат поевтино.

Во 2016 година, Apple објави дека на формирањето на цената влијаат голем број фактори, како што се девизниот курс, законите на земјите кои го регулираат увозот, деловните практики, даноците и деловните трошоци. И покрај високите цени, успехот на Apple не е нарушен. iPhone сочинува четвртина од продажбата на паметни телефони во Европската Унија, надминувајќи го Samsung, пренесува Euronews.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Мобилни

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Read more

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Read more

Конечно скокна продажбата на телефони

Read more

Vivo ја претстави серијата мобилни телефони X100

Read more
 

Гик

Една од најсјајните ѕвезди ќе исчезне од небото за кратко време

Читај повеќе
  • play_arrow

Избрани најдобрите видеоигри за 2023 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Американците сега го имаат Roadrunner, убиецот на дронови

Читај повеќе

Нов тест на крвта открива кои органи стареат најбрзо

Читај повеќе
  • play_arrow

Кое е најгледаното видео на TikTok во 2023 година?

Читај повеќе

Honor ќе претстави три Magic6 флегшип телефони

Читај повеќе

Strava овозможи праќање на приватни пораки помеѓу корисниците

Читај повеќе

Порно сајтовите воведуваат големи промени за корисниците

Читај повеќе
  • filter

Претставен смартфонот OnePlus 12, основниот модел чини 610 долари

Читај повеќе