Зошто ги обожаваме одмаздничките песни посветени на бившите?

Aко постои една тема за која се „произведуваат“ песни секој ден, тоа е љубовта. Чувствата кои доаѓаат во пакет со неа: среќа, тага, омраза, разочарување… сите инспирирале стотици илјади љубовни песни за (поранешни) врски.

Фокусот во последно време е на одмазднички песни по раскинување.

Во 2016 година, кога Бијонсе го издаде албумот „Lemonade“, нејзините фанови шекнаа по текстовите посветени на неверството на Џеј Зи. Но, не мора ни да погледнеме толку далеку наназад – љубовните драми на Шакира и Мајли Сајрус добро им се исплатеа на пејачките.

Песната Flowers на Сајрус, наводно инспирирана од неверството на Хемсворт, е оптимистички бран на самољубов по раскинување, а на пејачката ѝ донесе невидени рекорди на слушаност.

Колумбиската дива Шакира се одлучи за пониски удари – во нејзините нови песни ги прозива не само бившиот Пике, туку и неговата нова девојка и несудената свекрва.

Но, ни Мајли, ни Шакира не измислија топла вода. За генерациите наназад тие гласови на женско омоќување беаа Мадона и Аланис Морисет. Легендарниот хит „I will survive“ на Глорија Гејнор од 1978 (чија музика е семплувана за Flowers) можеби е архетипот на ваквото омоќување на жените низ популарната музика.

Додека некои музичарки се фокусираат на гневот, други зборуваат за ослободување и осамостојување и сите овие чувства и реакции се валидни во обидите да се носиме со новонастанатата состојба, со прекинувањето на врската, а потоа и наоѓањето себе си во процесот.

MsMojo направија компилација од „најдобрите оздмазднички песни по раскинување“.

Се чини овие песни ги пееме на глас и кога не сме тазе раскинати и/повредени – едноставно се моќни и повикуваат на солидарно пеење на глас.

Remote video URL

Зошто се случува ова?

Љубовта е најсилното чувство (некои психолози велат така, не ние) и кога ќе се измеша со чувства силни како омраза или гнев, можноста да се инспирираме и да ја оставиме душата во песната, се претвора во своевидно ослободување од овие чувства.

Честопати, песните се базираат на приказните на самите пејач(к)и. А, кога се знаат пејачите, се знае нивниот однос и историја, љубопитноста кај луѓето е преголема за да не ја слушнат песната барем еднаш.

Конечно, каде што има одмазда, љубов, разделба - има драма. И, да бидеме искрени, некои од нас сакаат драма!

реклама

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Колку минути треба да пешачите дневно за да слабеете после 40-тата година?

Read more

Музика

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Read more

„Југославија“ ја подели бивша Југославија

Read more

Јован Јованов со прва соло песна по 17 години – најава за големиот концерт во Скопје

Read more

Бритни Спирс ги продаде правата за сите нејзини песни

Read more
 

Сцена

War Machine е најгледаниот филм на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

ИМПРОВОКАЦИЈА се враќа во Скопје на 9 март

Читај повеќе

Нов адвокатски тим ќе го брани Харви Вајнстин од обвиненијата за силување

Читај повеќе
  • filter

Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите SAG: Победниците ја редефинираат оскаровската трка

Читај повеќе
  • play_arrow

Оливија Дин доминираше на доделувањето на наградите BRIT 

Читај повеќе

Роберт Де Ниро: Трамп никогаш нема да си замине, ќе треба сами да се ослободиме од него

Читај повеќе