Зошто јадењето компири е важно за одржување на имунитетот?

„Скромниот“ компир е важен за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Во есен и зима јадеме количински повеќе, а тоа може лошо да влијае на нашиот имунитет, велат нутриционистите.

На поладни температури на многумина им е тешко да одржат режим на здрава исхрана, но многу е важно да се направи сѐ што е можно на природен начин да се спречат разни респираторни инфекции чии последици се замор, треска, болки во грлото, кашлица, отежнато дишење... Во есенскиот период повеќето луѓе почнуваат понездраво да се хранат, а тие лоши навики продолжуваат и во зимскиот период, кога пак, има многу празници, а тогаш трпезата не е баш најздрава.

Неопходно е да се земе предвид не само што, туку и колку јадеме, бидејќи прејадувањето е сериозен проблем што може да влијае на нашиот имунолошки систем.

Компирот е идеална храна

Во 100 грама сиров компир има 18,9 грама јаглехидрати, 0,10 грама масти и 2 грама протеини.

Компирот содржи значителни количини на влакна, кои помагаат во намалување на вкупниот износ на холестерол во крвта, и со тоа се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Од минерали, во 100 грама компир има: 14 мг калциум, 0,9 мг железо, 58 фосфор, 450 мг калиум, 4 мг натриум; а од витамини: 0,01 мг витамин А (ретинол или каротин), 0,11 мг витамин Б1, 0,04 мг витамин Б2 или рибофлавин, 0,2 мг витамин Б6 или пиридоксин, 30 мг витамин Ц или аскорбинска киселина  и 0,06 мг витамин Е или токоферол.

Друга храна добра во зима за одржување на имунитетот е: тиквата што содржи витамини А и Ц, како и Б6 и калиум, темнозелениот лиснат зеленчук што содржи витамини А, Ц и К, калинка што е богата со антиоксиданти, препорачуваат нутриционистите.

Важно е да внесувате и доволно витамин Д. Послабата изложеност на сончевите зраци доведува до пад на серотонинот, а тогаш може да почувствуваме желба за храна и пад на расположението, па дури и депресија.

Во есенските и зимските месеци не е лошо да се размисли за внесување на дополнителни дози витамин Д, преку исхраната или додатоци.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе