Зошто нема да ви треба лаптоп во 2021 година?

Најголемите предности што ги имаат лаптопите во однос на десктоп компјутерите се преносливоста, помалата тежина и компактноста.

Сепак, колегите од порталот Make Use Of наведоа неколку причини што ќе ве натераат внимателно да размислите дали навистина ви треба лаптоп како инвестиција за следната година или можете да го замените со нешто поефикасно.

За што обично се користи лаптопот и што да користите наместо него?

1. Преносливост: Таблети

„Кога бевме аграрна нација, скоро сите превозни средства беа камиони. Бидејќи луѓето се движеа повеќе кон урбаните центри, автомобилите станаа популарни. Мислам дека компјутерите ќе бидат како камионите. Сè помалку луѓе ќе ги користат. Ова ќе биде непријатно за некои луѓе бидејќи далеку стигнавме од PC до овде“, изјави своевремено Стив Џобс.

Таблетите носат на свој грб добар дел од оваа пост-PC револуција. Во просек, тие се поевтини од лаптопите, полесни се и дизајнирани да се користат насекаде. Повеќето функции што ви се потребни на лаптопот, исто така ги имаат и таблетите. Дополнителна придобивка е што апликациите за таблети обично се поевтини од компјутерскиот софтвер.

2. Продуктивност: Десктоп компјутери

Ако треба да завршите некоја работа додека патувате, можете да купите дополнителна тастатура за таблет.

Ако планирате некоја подолгорочна работа, најверојатно ќе ја работите од канцеларија или од дома, а десктоп компјутер е многу посоодветен за такви ситуации. Тие се многу поекономични, не ги оптеретуваат зглобовите и грбот како лаптопите и имаат екрани што се многу попрегледни.

3. Мултимедија: Дигитални сервиси, плеери и Smart TV

Општо земено, дигиталните сервиси, паметната телевизија и плеерите имаат многу повеќе предности, бидејќи од нив може да пристапите до продавницата на Google Play, но исто така и сервиси како што се Netflix, Amazon Prime, Spotify и така натаму.

Секако, можете да гледате филмови и серии преку лаптоп, но екранот е мал и никој не сака да се плетка со HDMI кабли и слично.

Три добри причини зошто да користите лаптоп

1. Периферни уреди

Ако имате работа што бара многу движење (како новинарство или професионална фотографија), големи се шансите дека честопати ќе треба да додавате периферни уреди на вашиот лаптоп. Ова вклучува печатач, SD-картичка, HDMI кабел или USB-стик, а повеќето таблети не го нудат тој луксуз.

2. Складирање

Таблетите едноставно не го нудат истиот простор за складирање на податоци како лаптопите. Повеќето современи лаптопи имаат најмалку 250 GB капацитет, додека повеќето таблети од висока класа ќе имаат околу 128 GB.

3. CD и DVD

Дисковите умираат, но уште се меѓу нас. Ако работите за компанија, скоро секој ден ќе наидувате на некакво CD, без разлика дали инсталирате софтвер или преземате презентации за конференции и настани. Покрај тоа, можете да гледате DVD на долги патувања и да снимате музика за слушање во автомобилот.

Дали навистина ви е потребен лаптоп?

Како што можете да видите, ова се само некои од аргументите кои (не) одат во прилог на купување лаптоп. Иако сè уште имаат некои предности, лаптопите се помалку потребни за еден просечен корисник, особено затоа што има сè помалку разлика во цената кога станува збор за таблетите и лаптопите.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе