Зошто се појавува крв во урината?

Хематурија е присуство на крв (еритроцити) во урината. Во однос на бројот на еритроцити во урината има микро и макроеритроцитурија (макроскопска хематурија), пишува Stetoskop.info.

Причините за хематурија се многубројни, а може да се појави и кај:

  • бубрежни заболувања:
  • хематолошки (хемофилија, тромбоцитопенија, српеста анемија, таласемија);
  • кардиоваскуларни (срцева декомпензација, тромбоемболија);
  • гастроентеролошки (цироза на црниот дроб, холестатска колика, апендицитис, перитонитис);
  • токсоалергиски реакции.

Хематуријата од бубрежно потекло е предизвикана од: вродени или стекнати аномалии на бубрезите, вродени или стекнати заболувања на крвните садови на бубрезите, калкулус на бубрезите и уринарниот тракт, примарен гломерулонефритис и секундарни гломерулопатии, воспаление на уринарниот тракт, неоплазми на бубрегот и уринарниот тракт.

Како изгледа крвта во урината?

Хематуријата може да биде макроскопска (видлива со голо око како кафеаво-црвена урина) или микроскопска (видлива со микроскопско испитување на урината). Макроскопската хематурија се карактеризира со кафеаво или црвено обојување на урината, што не може секогаш да биде знак на еритроцити во урината (може да се појави после одредени видови храна, на пример цвекло).

Хематуријата може да биде инцидентна (по траума, тешка физичка работа), интермитентна (во случај на калкулус, инфекција на уринарниот тракт) или трајна (кај паренхимните заболувања на бубрезите).

Како се поставува дијагноза?

Дијагнозата се поставува врз основа на анамнеза, клиничка слика, лабораториски анализи, објективен преглед (палпација на бубрези, ректален преглед кај мажи, гинеколошки преглед кај жени), интравенска урографија, цистоскопија, ретроградна уретропиелографија, артериографија и бубрежна биопсија.

Како се лекува? Хематуријата се третира каузално, т.е. во однос на причината. Ако тоа не е можно, се применува симптоматска терапија.

Во случај на масивна хематурија изгубената крв се заменува со трансфузија, пишува Stetoskop.info.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Здравје

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе