Сите погледи и понатаму се вперени во Катар и Светското првенство во фудбал, а тоа е одлична можност да дознаеме повеќе за климата во оваа земја.

Катар на различни начини се бори против горештините кои поради климатските промени се дополнително потенцирани. Еден од нив е боење на асфалтот.
Црната боја придонесува за посилно загревање, па така асфалтните површини во градските подрачја се одговорни за дополнително загревање на околината.
Токму затоа, во Доха се применува иновативна технологија, а меѓу решенијата е и синиот асфалт или дебел намаз на сина боја кој овозможува да се намали температурата на површината за до 20 степени, пишува Qataraliving.
Првите 200 метри се искористени како експеримент, во кој сензори во текот на 18 месеци ја следеа промената на температурата. Температурата од максимални 69 степени опаднала за повеќе од 10 степени.
Сината боја во Доха се користи уште од 2019 година, но постои и „црвена улица“ која во моментов е во функција на така наречената зона за навивачи.
Виолетов парк, поточно пешачка патека, има во склоп на Катар Хилс паркот, еден од најпопуларните туристички дестинација во Доха. И овде е забележан значителен пад на температурите, од 69 на 55 степени.
Во Доха постојат и зелено обоени сообраќајници.
Сличен пилот-проект има и во Лос Анџелес, каде со специјален намаз се премачкани улиците, но и неколку игралишта. Забележан е ефект на намалување на температурите, пониски за околу 7 степени.