10 животни чие мени вклучува змии

Некои од нив имаат специјално прилагодени тела кои се отпорни на отров од змии, други се потпираат на нивната брзина, додека некои од овие ловци се канибали.

Списокот на предатори кои имаат змии на своето мени е подолг отколку што би се очекувало, вклучувајќи и многу птици на кои додека ловат в очи им паѓа рептил, фаќајќи го неподготвен со канџите. До животни со посебни механизми на телото кои се отпорни на змиски отров.

Овие 10 животни не се плашат од конфликт со змија, згора на тоа ги бараат за да јадат:

1. Лакомец

Ова животно со стручно име Gulo gulo е крајниот предатор. Не залудно се вели дека изгледот може да измами, ова алчна влакнесто суштество не бира средства или видови за својот оброк.

Немилосрден и познат по тоа што не дискриминира ниту една од своите потенцијални жртви, ќе нападне и ќе изеде сѐ што ќе наиде. Глодари, зајаци, црви, глувци, жаби, птици и да - змиите се суштински дел од нивниот синџир на исхрана. Познато е дека овој врколак е специјализиран за неутрализирање на кобри.

Иако е релативно мал, тој припаѓа на семејството на ласици, а телото му е мускулесто и набиено. Многу е активен и сака да се качува по дрвја фаќајќи птици, а во просек поминува и до 25 километри дневно во потрага по храна. Друг интересен факт е дека тој копа јами исклучиво со цел со нивна помош да ги фати животните кои хибернираат.

2. Мунгос

Мунгосите - Mungos mungo - имаат уникатни рецептори за ацетилхолин кои ги штитат од повеќето отровни змии. Други биолози, пак, сметаат дека овие рецептори имаат минимална улога во одбраната од змиите, дека предноста на мунгосите лежи во тоа што едноставни се - брзи. За борбата придонесува и густото крзно.

За време на еден напад, мунгосите всушност имаат неколку пократки брзи напади, во спортска смисла - прават финти. Ги користи овие финти за да ја принудат змијата да се одбрани, а потоа го чекаат вистинскиот момент за да ја фати за главата со устата и да ја убијат.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Noushad Ali (@drnoushad)

3. Кралска змија

Да, и меѓу змиите се кријат канибали, а оваа практика не е невообичаена кај нив. Се чини дека оваа змија, припадник на родот Lampropeltis, поради канибализам го добила прекарот „кралска“.

Вообичаени видови од овој род се млечната змија и црвената кралска змија, која јаде и гуштери. Нивните шари и бои се слични на оние на коралните змии, поради што научниците ги нарекуваат и лажни корални змии.

4. Орел змијар

Кога змиите би можеле да зборуваат, сигурно би рекле дека имаат кошмари поради оваа птица. Има способност да ја ѝ отсече главата на змијата и да ја проголта цела - и тоа во лет!

Иако се помали од некои други видови орли, сепак се огромни. Кога ќе забележат храна (змија) брзо се спуштаат и со канџите го фаќаат рептилот. Цврсто ја држат змијата во силните канџи и иако трпат удари додека змијата е сè уште жива, нивните пердуви обезбедуваат заштита од каснувања.

Ова е голема предност за птица која редовно и лесно напаѓа црни мамби и кобри, змии кои се сметаат за најотровни и многу брзи.

5. Црвен рис

Lynx rufus - се животни кои во секоја прилика ќе бркаат помало животно. Овие предатори се хранат со зајаци, змии, глодари, јајца и гуштери.

Мачка како мачка - сака предизвици и често брка помали елени и ѕвечарки во пустина. Црвениот рис е многу територијален, означува граници со својот мирис за да ги избрка другите мачки бидејќи сака да живее сам. Мажјаците дозволуваат нивните региони да се преклопуваат со територијата на неколку женки додека суверено владеат на територија од околу 100 квадратни километри.

Тие обично ловат ноќе, свесно избегнувајќи ги луѓето.

6. Еж

Една од необичните и уникатни карактеристики на шумскиот еж е неговата отпорност на разни токсини. Ова му дава можност да јаде отровни животни без никакви последици по неговото тело.

Постојат и оние видови на ежови кои се хранат главно со мали инсекти, но има и сештојади. Неговото мени вклучува скорпии, пајаци, бубачки, жаби, пчели и, секако, змии.

7. Шкотски териер

Ниту едно куче нема посебна потреба да лови змии. Сепак, познато е дека оваа раса е многу љубопитна и се одгледува за лов.
Одгледувачите за време на  во текот на долгиот процес на тренинг ги тренирале овие кучиња да бараат животни кои „тивко“ се движат, па многу од нив бркаат животни како змии.

Шкотските териери се одлични кучиња чувари кои се способни со часови да ловат непријатели на нивната територија - вклучително и змии.

8. Јазовец медојад

Mellivora capensis - со својот имунитет на каснувањето на кралската кобра, самоуверено излегува на мегдан со змии.

Во потрага по добар оброк, овој јазовец внимателно ги следи блиските густи грмушки, дрвја, па дури и вдлабнатини во земјата. И тогаш, во потоплите делови од годината, кога змиите излегуваат од нивните дупки, овој предатор тргнува во потрага по својот омилен оброк.

Науката досега не успеала да го објасни имунитетот на овој јазовец. Забележителен е еден случај кога јазовец кој јадел глава од змија паднал како покосен, за само по два часа да се разбуди од дремката и да се тетерави - сè уште е мистерија.

Има извештаи и за други животни со силни токсини кои немаат никакво влијание врз него.

9. Кралска кобра

Во прашумите, кралската кобра е најдолгата отровна змија во светот. Некои од нив достигнуваат должина и до 5 и пол метри, а една од „намирниците“ на нејзиното мени се и другите змии.

Латинското име на ова животно и само сведочи за тоа - Ophiophagus hannah - или во превод „јадач на змии“.

Кралските кобри постојано ловат и бараат храна. Иако е глува, кралската кобра има други сетила кои ѝ помагаат при ловот - има најизразено сетило за мирис.

Истражувачите велат дека поради некоја причина оваа граблива змија има тенденција прво да ја јаде главата на другата змија бидејќи изгледа дека ѝ помага при варењето.

Интересно е и тоа што некои кралски кобри цел живот ловат само еден вид змија - се претпоставува дека таа е онаа чиј вкус најмногу ѝ се допаѓа.

10. Птица секретар

Птиците Sagittarius serpentarius се познати по својата сила, која е петпати поголема од нивната телесна тежина. Тоа е повеќе од доволно за да фатат отровна змија за секунда.

Со нозе како кранови, птицата секретар е висока над еден метар. За разлика од повеќето птици кои бараат плен од воздух, таа лови од земја и наместо да го брка пленот со клун или канџи, таа го гази.

Птицата секретар со голема прецизност му нанесува смртоносен удар на пленот. Ако пропушти, птицата ризикува да биде касната или изедена.

Сепак, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека птицата се движи доволно брзо што, доколку првиот удар бил неуспешен, ќе се обиде по вторпат.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе