11 џихадисти загинаа во руски воздушни напади во Сирија

Вкупно 11 џихадисти на Исламска Држава се убиени во руски воздушни напади во источниот дел на Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

– Во изминатите неколку часа 11 џихадисти беа убиени во воздушните напади на руските сили против Исламска Држава во сириската пустина, соопшти сирискиот центар.

Нападите се извршени во пустините Ал Сахне и Тадмор во централна Сирија и во пустината Деир ез-Зор во источниот дел на земјата.

– Џихадистите се кријат во пештерите во таа пустинска област каде што сѐ уште има активни ограноци на Исламска Држава, соопшти организацијата, додавајќи дека во тие напади се повредени 20 џихадисти.

Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, убиени се речиси половина милион луѓе, а неколку милиони ги напуштиле своите домови.

Русија ги поддржува сириските владини сили од 2015 година, и благодарение на таа клучна поддршка сирискиот претседател Башар ал Асад успеа да врати голем дел од територијата што ја загуби на почетокот на конфликтот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе