На новинарско прашање за исклучоците од препорачаното следење онлајн настава и како ќе изгледа еден училишен ден со физичко присуство, министерот Адеми одговори:
„Кога зборуваме за двата исклучоци, т.е. организирање и реализирање на наставата со физичко присуство, неопходна е и согласност од родителите за нивните деца да ја следат наставата на ваков начин и секако дека времетраењето на наставниот час, според она што е предвидено досега во моделот за организирање на наставата со физичко пристуство, е скратен за 10 минути. На пример, ако во основно образование часот трае – според постоечкиот Закон за основно образование – 40 минути, ќе се скрати на 30 минути. Во средно од 45 минути на 35 минути. Но, и за оваа одлука која е донесена на денешната седница на Владата и за планот кој ќе се имплементира, е неопходно да имаме законски измени, каде ќе се остава можност на Владата, односно на МОН да ја организира наставата согласно епидемилошката ситуација. Поточно, да се остави простор за флексибилност за преминување од еден на друг начин на организирање на наставата.“