Активни 12.087 случаи, апел невакцинираните граѓани да се вакцинираат

Бројот на активни случаи во државава изнесува 12.087 од кои најголем број – 5536 се во Скопје. Во Куманово има 992 активни случаи, во Тетово 905, во Охрид 549, во Гостивар 472, во Кичево 423, во Струга 374.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, при направени 3.425 тестирања регистрирани се 494 нови случаи, 12 починати и 474 оздравени пациенти.

Надлежните и натаму апелираат невакцинираните граѓани да се вакцинираат.

Во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.014 дози вакцини, од кои 1.240 се аплицирани како прва доза, 1.730 се ревакцинирани, а 44 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 29 септември вкупно се вакцинирани 786.979 граѓани, ревакцинирани се 726.625, а трета доза примиле 181 граѓани. Од граѓаните над 40 годишна возраст 52 отсто се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47,2 отсто, а со две дози опфатени се 43,6 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Во борбата против COVID-19, веќе петти ден е достапна трета доза вакцина за здравствените работници, граѓаните над 60 години и лицата кои имаат имунокомпромитирана здравствена состојба, а кај кои има поминато шест месеци од примената ревакцина.

Трета доза вакцина може да примат и граѓаните кои се вакцинирале во странство. Тие, задолжително на вакциналните пунктови, претходно ќе мора да приложат валиден документ од примените две дози вакцина, како би биле евидентирани во националниот систем „Мој Термин“. Трета доза вакцина може да се прими без да се закажува термин, како што е и за првите две дози. Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација, информираат од Министерството за здравство.

Досега во земјава се направени вкупно 1.289.516 тестирања на COVID-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 191.408, бројот на оздравени пациенти е 172.653, а на починати изнесува 6.668. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе