„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ откако исламистички собир во Хамбург наиде на осуда од политичарите ширум земјата.

Повеќе од илјада луѓе учествуваа на демонстрациите во градот во северна Германија во саботата, држејќи плакати со пароли како „Калифатот е решението“ и повикувајќи на воведување на шеријатскиот закон. Толпата извикуваше „Алах Акбар“ и „Нема друг Бог освен Алах“.

URL

Властите велат дека протестот бил организиран од луѓе блиски до организацијата наречена Muslim Interaktiv, која ја отфрла демократијата и е класифицирана како екстремистичка од страна на германското разузнавање.

Организацијата објави видео од митингот на Х со порака: „Не слушајте ги лажговците“.

URL
Министерката за полиција најави строги мерки

Според германските медиуми, лидер на организацијата е 25-годишниот Џо Ададе Боатенг, познат и како Рахим Боатенг, кој студира на Универзитетот во Хамбург. Боатенг има профили на Instagram и TikTok, каде што споделува содржини поврзани со исламот насочени кон младите муслимани во Германија.

URL

„Сосема е јасно дека сите исламистички активности мора да се решат користејќи ги можностите на нашата уставна држава. Верувам дека мора внимателно да ги разгледаме конкретните последици од она што го видовме таму“, рече Шолц. Тој додаде дека прекршувањето на законот мора да се гони.

Вчера германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вети дека ќе преземе „строги мерки против исламистичката терористичка пропаганда и омраза кон Евреите“.

„Ако сакате калифат, дојдовте на погрешно место“, рече таа.

Може ли воопшто да се гони казнено контроверзниот слоган?

Министерот за правда Марко Бушман посочи дека на оние кои не го признаваат уставниот поредок на Германија треба да им се ускрати правото да престојуваат во Германија.

„Оној што го претпочита калифатот пред уставно-правната држава, може слободно да емигрира“, рече Бушман преку платформата X.

Директорот на полициската управа во Хамбург, Франк Шнабел, се бранеше од обвинувањата дека имало превид кога била дозволена саботната исламистичка поворка.

„Нашиот Устав, кога станува збор за правото на собирање и изразување мислења, дозволува екстремистички протести“, рече Шнабел.

Властите во Хамбург во моментов испитуваат дали слоганот „Калифатот е решението“, имајќи предвид дека тоа е и повик за воведување на шеријатскиот закон, кој е во спротивност со човековите права, може да биде кривично гонет.

реклама

Свет

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more
 

Вести

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе