Тимот на Алпин го претстави новиот болид А524, како што наведе, „иновативен и агресивен“, со кој ќе учествува во овогодинешниот шампионат во Формула 1.
„Мораме да продолжиме да го подобруваме тимот за да преминеме на повисоко ниво. Напредокот никогаш не е линеарен. Затоа нема да поставуваме никакви нумерички цели“, изјави директорот на тимот Бруно Фамин, пренесе BBC.
Алпин минатата сезона имаше два пласманa на подиумот, Естебан Окон во Монако и Пјер Гасли во Холандија.
Примарната боја која ги содржи традиционалните бои, сина и црна, Аплин ќе ја носи на 16 трки, додека во алтернативната розова боја, поради главниот спонзор BWT, болидот ќе биде обоен на 8 трки во превенството.
Претсезонските тестирања ќе се одржат од 21 до 23 февруари во Бахреин, а новата сезона ќе започне на 2 март со Големата награда на Бахреин.