Леталото со официјално име Nova-C претходно, по 7-минутно маневрирање во орбитата, влезе во кружната орбита на Месечината на висина од 92 километра над нејзината површина.

Откако синоќа влезе во месечевата орбита, леталото Odyssey, со претпоставка дека последниот дел од неговиот лет се одвива според планот, треба денеска да слета на Месечината, односно на кратерот Малаперт А, на 300 километри од јужниот пол на Месечината.
Следувањето е предвидено за 17:30 часот по источно американско време, или 22:30 часот по македонско.
Овој месечев лендер, во сопственост на приватната компанија Intuitive Machines, во тој момент ќе стане првото американско вселенско летало кое слетало на природниот сателит на Земјата по повеќе од 50 години.
По 7-минутен орбитален маневар, леталото официјално именувано Nova-C влезе во кружната орбита на Месечината, на висина од 92 километра над нејзината површина.
Од Intuitive Machines велат дека Odyssey е во одлична состојба и дека за време на летот во орбитата на Месечината, на оддалеченост од околу 384.000 километри од Земјата, контролорите на мисијата во Хјустон детално ќе ги следат податоците за летот.
Американската вселенска агенција (НАСА) на својата официјална веб-страница го одбројува времето до слетувањето на роботизирано летало на површината на Месечината.
Леталото Nova-C беше успешно лансирано минатиот четврток од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, на врвот на ракетата Falcon 9, производ на калифорниската компанија SpaceX на милијардерот Илон Маск.
Nova-C неделава, за време на патувањето кон Месечината, испрати фотографии додека сè уште беше блиску до нашата планета