АМС ги прогласи најдобрите во спортот за 2022 година

Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Сојузот на спортски федерации, традиционално на крајот на годината прогласуваат најуспешни македонски спортисти, а синоќа тоа го направија и за изминатава 2022 година.

„Спортот зближува и обединува, спортот е заедничка пасија за сите. Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи со максимална поддршка за секој еден спортист, за секој спортски клуб, за младите спортисти како иднина на македонскиот спорт. Со гордост можеме да кажеме дека спортот си го наоѓа својот пат и заслужува да биде ставен на пиедестал со целосна поддршка, истакна директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

„Драго ни е што оваа година се ракувавме и им честитавме на успесите на младите спортисти кои се наша надеж и наша иднина. Среќни сме што куќата на спортот годинава ги пречека најуспешните во различни спортови кои заслужиле да бидат и главна и ударна вест во македонските медиуми. Спортистите играат со срце. Секогаш. И кога победуваат, но и кога губат. На теренот, во играта, во натпреварот, тие даваат сѐ од себе. Не се штедат. Затоа не треба и ние“, додаде Мојсовски.

По сумираните гласови од сите национални спортски федерации, спортските редакции, како и членовите на Советот за спорт при Агенцијата за млади и спорт, на свечена церемонија прогласени беа спортистите за 2022 година во следниве категории:

Спортист на годината: Владимир Егоров - борење

Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова – спортско пара-стрелаштво

Наградите на Егоров и на Наковска-Бикова им ги врачи премиерот Димитар Ковачевски.

Великан на македонскиот спорт:

Кирил Лазаров - ракомет

Горан Пандев - фудбал

Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија

Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски - кикбокс

Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација

Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација

Млад спортист на годината: Петар Арсовски - бокс

Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова - кикбокс

Подвиг на годината:

Марко Пејчиновски кој десет пати го преплива Охридското Езеро

Харис Беќири - еверестинг - најтешко искачување

Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим

Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор“ од Струга

Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов“ од Велес

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

Останати спортови

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе